Ѓоковиќ успеа да ги смири Руне и Вавринка

Новак Ѓоковиќ продолжува со подготовките за Мастерсот во Монте Карло. Новак напорно тренира на клупските терени во кнежевството. Во четвртокот, тој имаше можност да се сретне со двајца интересни ривали – Стен Вавринка и Холгер Руне.

Ривалството меѓу Новак и Вавринка е познато од поодамна, додека Руне во последните години направи силен пробив до самиот тениски врв, последен пат во финалето на Мастерсот во Париз кога Данецот славеше над првиот тенисер во светот.

Сепак, се чини дека Новак успеа да ги „смири“ Швајцарецот и Данецот, откако меѓу нив неодамна имаше искри на средбата во Индијан Велс.

Вавринка му рекол на Руне дека ако продолжи да се однесува така, ќе има проблеми во соблекувалната, алудирајќи на неговата воинствена природа и честите вербални препукувања со колегите, како на теренот, така и надвор од него.

Се чини дека сепак се е во најдобар ред, а дали некој од тројцата ќе вкрстат рекети следната недела останува да видиме.

Се вчитува...