Ѓоковиќ успешно ја стартуваше одбраната на трофејот на Австралија Опен

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ на одличен начин го стартуваше своето учество на гранслем турнирот Австралија Опен, на кој ја брани титулата освоена лани. Популарниот Ноле со 3-0 во сетови го совлада Шпанецот Фернандо Вердаско и се пласира во третото коло.

Првиот сет Ѓоковиќ го освои фуриозно со 6-1, а Вердаско многу посилен отпор даде во вториот сет. Но, сепак, Србинот успеа да го освои во тај – брејк (7-4) и се чини дека тука дефинитивно го скрши отпорот на шпанскиот тенисер. Третиот сет го доби со 6-2 во гемови и го комплетираше стартниот триумф во Мелбурн.

Серена Вилијамс исто така имаше успешен старт на турнирот. Таа ја совлада Белинда Бенчиќ од Швајцарија со 2-0 во сетови (6-4, 6-3). Каролине Вознијацки беше убедлива во дуелот со Австралијката Арина Родионова и славеше со 6-1, 6-2.

Се вчитува...