Ѓоковиќ успешно ја заврши првата мисија на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во второто коло на Вимблдон откако големиот ас славеше над Александр Милер од Франција со 3-1 во сетови. Иако Србинот загуби сет, мора да се истакне дека тој доминираше во текот на целиот меч, а вториот сет што Милер го доби го одбележаа дури 11 неискористени брејк шанси на фаворитот.

Ѓоковиќ тргна моќно и славеше со 6-2 во првиот сет, а потоа во вториот имаше бројни шанси да ја заврши работата, но Милер се одбрани кога беше најважно. Србинот потоа имаше и сет-топки во тајбрејкот, но францускиот тенисер успеа да изненади и да слави со 7-9. Третиот сет беше израмнет до 2-2, кога Ѓоковиќ најпрвин побара медицински тајмаут, а по враќањето на теренот почна со апсолутна доминација, добивајќи го сетот со 6-2.

Слично беше сценариото и во четвртиот сет, во кој Ѓоковиќ одигра како што доликува на еден голем фаворит, не дозволувајќи му на противникот ниту за момент да се понадева на изненадување.

Следен противник на Новак ќе биде Еванс, откако тој славеше во британската пресметка од првата рунда над Кларк со 3-0 во сетови.

Се вчитува...