Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ зборуваше за медиумите пред учеството на претстојниот Вимблдон.
Ѓоковиќ има 24 гранд-слем титули, а се отвори и тема дали ова може да биде негов последен танц во Лондон.
„Дали тоа е мојот последен танц? Не знам. Ниту е случајот со кој било друг слем што ќе играм. Мојата желба е да играм уште неколку години! Би сакал да бидам физички здрав и психички мотивиран да продолжам да играм на највисоко ниво. Тоа е мојата цел, но на оваа возраст кој знае. Би се согласил дека Вимблдон е мојата најдобра шанса, поради резултатите како се чувствувам овде и како играм овде“, изјави Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

