Победникот на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ, го привлече вниманието во шпанското одморалиште Марбелја појавувајќи се во необично издание. Поранешниот прв светски рекет заедно со семејството одмора во семејната вила во шпанското одморалиште и воедно се подготвува за настапот на УС Опен.
Но, топлотниот бран во Шпанија, го натера освојувачот на 13 титули на гранслем турнирите на една поинаква тренинг сесија.
Наместо на тенискиот терен, Србинот во „летна шема“ само со „ѓаќи за капење“, патики и бејзбол капа, џогираше низ улиците и беше атракција за минувачите кои застануваа да го фотографираат.
Моментно 10 тенисер на АТП листата, покажа дека е како и сите обични луѓе на одмор. Трчаше, вежбаше на справите во паркот, пиеше вода од блиската фонтана, а потоа се разлади во базен.
По одморот во Марбелја, Ѓоковиќ се сели во Торонто каде го очекува настап на Роџерс купот, пред почетокот на УС Опен на 27 август.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА