Ѓоковиќ во Њујорк говореше за дрим-тимот: Малку фалаше да паднете на колена…

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по освоеното злато на Летните олимписки игри во Париз се врати назад на терените за настапот на последниот грен-слем во сезоната, УС Опен.

Во Њујорк Србинот говореше на повеќе теми, а беше запрашан и за полуфиналето на кошаркарскиот турнир кога се сретнаа Србија и САД, а Србите беа блиску до сензација.

„Морам да ви честитам за освоеното злато, но имавме многу среќа во полуфиналето со Србија. Требаше да загубите, висевте на конци, се сеќавам дека водевме 13 поени разлика на стартот на последната четвртина. Сепак, дрим-тимот потоа покажа зошто е дрим-тим.

И покрај се, ние во Србија сме горди на нашиот кошаркарски тим, ние секогаш сме горди на нив. Кошарката е спорт број еден во нашата земја и тоа е така со години. Има традиција, историја, добра е и клупската и националната кошарка. Мора да бидеме горди на тоа“, вели Ѓоковиќ.

Се вчитува...