Ѓоковиќ во Њујорк тренира со свој голем пријател (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ подготвувајќи се за УС Опен тренира со својот добар пријател Хуан Мартин дел Потро.

Бранителот на трофејот спарингува со добро познатиот Аргентинец кој се повлече од тенисот пред нешто повеќе од две години.

Ѓоковиќ и Дел Потро така на „Артур Еш“ евоцираат и спомени на своите дуели во Њујорк, кои ги имаше точно три. Ѓоковиќ победи во 2007 во второто коло, потоа и во четвртфиналето во 2012 година и во финалето во 2018 година.

Вкупно двајцата досега официјално играле 20 меча, а српскиот тенисер има 16 победи и четири порази.

Се вчитува...