Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ го искористи крајот на тениската сезона да ги посети претставниците на Ферари во Доха пред трката во Формула 1.
За време на престојот во Доха, Ѓоковиќ имаше можност да се запознае со работата на тимот на Ферари, еден од најпознатите тимови во светот на Формула 1.
За време на оваа необична посета, Новак се проба во улогата на член на екипажот, вежбајќи прецизност и брзина, клучни вештини за успешна работа во овој спорт. Посебно се фокусираше на координацијата на движењата и јачината на зглобовите, што беше интересно искуство за него како спортист.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА