Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра во полуфиналето против Рафаел Надал на Мастерсот во Рим, откако славеше во четвртфиналната пресметка против Јапонецот Кеи Нишикори.
Ѓоковиќ стигна до 13-та победа во 15 меча против Нишикори во кариерата славејќи со 2-6,6-1,6-3.
Во полуфиналето српскиот тенисер ќе се соочи со Надал кој претходно по пресврт славеше против Фабио Фоњини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА