Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Австралија опен, без притоа ни најмалку да се замори. Ѓоковиќ го доби четвртфиналниот меч со Кеи Нишикори откако Јапонецот го предаде во вториот сет при резултат од 6-1, 4-1 за српскиот тенисер.
Јапонскиот тенисер не можеше да го продолжи натпреварот поради проблеми со бутниот мускул, а како резултат на петчасовниот настап во осминафиналето на турнирот.
Ѓоковиќ во полуфиналето ќе игра против Французинот Лук Пуил кој го совлада Милош Раониќ со 3-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА