Повредата на Новак Ѓоковиќ стекната пред неколку дена кога на тренинг за спаринг партнер го имаше Данил Медведев се чини дека е посериозна од очекуваното. Српскиот тенисер поради истата мораше да откаже два последователни тренинзи и засега настапот на Австралија Опен останува под знак прашалник.
Србинот имаше закажано тренинг во недела од 19 часот на теренот број десет, но истиот беше тргнат од распоредот, а организаторите потврдија дека тренингот повторно е откажан по иницијатива на неговиот тим.
Шпекулациите се дека постои можност Ѓоковиќ да тренирал на друго место, далеку од очите на јавноста, но со оглед на повредата на задната ложа шансите за тоа се минимални. Првиот дуел на Србинот на Австралија Опен е закажан за во вторник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

