Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека планира да игра на повеќе турнири од минатата сезона, објави денеска Би-Би-Си.
Ѓоковиќ новата сезона ќе ја започне на АТП турнирот во Бризбејн. Српскиот тенисер на овој турнир ќе игра и во сингл и во двојки.
Ѓоковиќ утре од 9:30 часот ќе игра со Ник Кирјос во првото коло во двојки против Австриецот Александар Ерлер и Андреас Миес од Германија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА