Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ во интервју за американскиот канал „НБЦ 5“ говореше за неговата младост, а не ја испушти шансата да проговори и за бомбардирањето на Србија во 1999 година.
Ѓоковиќ се запраша како може големи сили да се здружат и да направат такво нешто, а откри и дека работел на себе со цел справување со бесот и емоциите кои произлегуваат од немилиот настан.
„Како е воопшто можно големи држави да се здружат и да бомбардираат една мала држава? Со беспомошни луѓе на улиците и сите да ги уништат? Јас не можев тоа да го разберам. Не постои никакво оправдување за војна, не постои никакво оправдување за бомбардирање, убивање на некој и уништување на нечив дом.
Тоа е најлошата врста на крутост. Тоа мене, а и сите во Србија многу не разлути. Белезите од тие емоции и бес и ден денеска постојат во сите нас кои доаѓаме од Србија. Но, работев на себе, на тие емоции со цел да простам. Морате да простите.
Луѓето во Србија многу пропатија во последните стотина години. Само во Првата светска војна починаа повеќе од милион Срби. Но, видете, тоа е на некој начин судбината на нашиот народ на овие простори, но верувам дека се тоа не прави уште посилни“, изјави Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА