Новак Ѓоковиќ по синоќешната победа над Александар Зверев изјави дека „воопшто не е заинтересиран“ да коментира за инцидентот со Лоренцо Мусети на Ролан Гарос.
Ѓоковиќ го победи Саша Зверев во четвртфиналето на Ролан Гарос, а едно од прашањата на прес-конференцијата беше и околу инцидентот на натпреварот меѓу Муцети и Тијафо. Во тој дуел, Италијанецот невнимателно и намерно ја шутна топката и го удри линискиот судија, а за разлика од Новак на Отвореното првенство на САД во 2020 година, овој не само што не беше дисквалификуван, туку и апсолутно никој не обрна внимание на сето тоа.
Ѓоковиќ, сепак, не сакаше да коментира за таа ситуација освен во една реченица.
„Многу е доцна, мојот фокус е на моите натпревари, она што се случи таму воопшто не ме интересира“ – рече Ѓоковиќ притоа изнесувајќи ги своите впечатоци за натпреварот.
„Овие натпревари се главната причина зошто продолжувам да играм тенис, мотивиран сум од фактот што можам да стигнам до финалните фази, да играм против најдобрите, чувствувам дека припаѓам таму и сакам да го покажам мојот најдобар тенис таму. Така беше во Австралија против Алкараз, докажав дека можам да играм на високо ниво. Не знам дали можам да го повторам тоа уште два натпревари, се надевам дека ќе можам“ – рече Ѓоковиќ и подвлече:
„Работев на добра подготовка. Работите се малку поинакви во тој контекст сега, отколку пред 5, 10 години. Сето тоа треба да се земе предвид. Среќен сум што играв три и пол часа против еден од најдобрите, што не се откажав, што трчав, дадов се од себе за да победам. Работата не е завршена. Задоволен сум, среќен сум, но не сакам да застанам тука. Кога ќе стигнам до тука, верувам во себе, верувам дека можам да одам еден чекор понатаму“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

