Новак Ѓоковиќ јавно проговори за разочарувањето што Рафаел Надал нема да може да настапи на Мастерс-турнирот во Индијан Велс. Шпанецот требаше својот камбек на терените да го има токму на овој реномиран турнир, а во САД допатува со заеднички лет со својот долгогодишен ривал Ѓоковиќ.
Според ждрепката двете тениски легенди требаше да се сретнат во полуфиналето (ако ги минеа претохдните пречки), но до тој дуел нема да дојде откако Надал го откажа настапот.
„Искрено, жал ми е за турнирот, уште повеќе ми е жал за Рафа. Знам дека направи се што можеше за да биде фит… Федерер веќе се пензионираше, а јас и Надал нема да играме уште премногу долго. Ова е крајот на една ера, ајде да уживаме, да ги сочуваме добрите моменти, мечевите и остварените рекорди“, порача Новак Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

