Ѓоковиќ: За повредата ќе видам со физиотерапевтот, се надевам ќе бидам подготвен за полуфиналето

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ запиша ново полуфинале на третиот гранд-слем турнир во сезоната, Вимблдон.

Во последниот четвртфинален натпревар Србинот славеше против италијанскиот тенисер Флавио Коболи со 3-1, по сетови 6-7, 6-2, 7-5 и 6-4.

Кон крајот на натпреварот Ѓоковиќ имаше едно проклизување кое ги загржи фановите. Не изгледаше добро, но Новак уверува дека се е во ред…

„Го завршив натпреварот. Играв по уште неколку поени. Такво нешто често се случува на трева, иако моментот беше чуден. Беше непријатно лизгање. Мислам дека не паѓав многу оваа година, па затоа сум изненаден. Непријатен момент, но треба да се најде добар сервис. Сепак, начинот на кој се движам на трева нормално е и да паднеш во тек на еден меч. Се надевам дека ќе бидам подготвен задутре“, нагласи Ѓоковиќ.

Се вчитува...