Новак Ѓоковиќ полесно од очекувањата го совлада Данил Медведев и се пласираше во финалето од турнирот во Аделаида, но фановите на Србинот останаа загрижени поради повредата на која Новак се жалеше за време на денешното полуфинале.
Ѓоковиќ сепак ги смири тензиите откако самиот објави дека проблемот со кој се соочил не е премногу сериозен, па тој би требало да биде стопроцентно подготвен за утрешното финале.
„Искрено, се е во ред… Доколку беше нешто посериозно, сигурно немаше да продолжам. Да бидам искрен, ми мина низ главата мислата дека ако е нешто посериозно може да се случи да не играм на Австралија Опен. Сепак, побарав медицински тајмаут, ме измасираа, се напив лк за болка и ситуацијата се среди за неколку гејмови. Како што играв повеќе, се намалуваше и болката на мускулот на задната ложа. Верувам дека ќе бидам максимално подготвен за финалето, бидејќи веќе не чувствувам никаков проблем на повреденото место“, изјави Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

