Новак Ѓоковиќ го скрши отпорот на Давидович Фокина и со победа од 3-0 се пласираше во четвртата рунда од Ролан Гарос, но денешниот меч ќе остане запаметен и по свирежите што српскиот тенисер ги доби на крајот од вториот и пред самиот почеток на третиот сет.
Тоа беше доволна причина за Ѓоковиќ на прес-конференцијата да добие прашање за односот со публиката во Париз, за што Новак имаше соодветен одговор.
„Мојот однос со публиката низ целата кариера би го оценил „горе-доле“. Ми даваат поддршка кога губев финалиња, кога ми беше тешко и благодарен сум им за тоа. Знам дека и ден денеска имам поддршка од трибините, од голем дел од оние кои доаѓаат да гледаат тенис. Сепак, има и такви кои купиле билет и им се може да прават се што ќе посакаат. Тие луѓе ќе ме исвиркуваат без разлика што ќе направам. Свесен сум за тоа, во 99% од ситуациите премолчувам, но во еден момент чувствувам да им се спротивставам. Видете, јас разбирам, луѓето сакаат аутсајдерот да победи, сакаат подолги мечеви, драми… јас немам проблем со тоа. Ми пречи кога ќе ми свират без никаква причина. Не знам што им е во главата, но јас не можам да премолчам се, нормално е во одреден момент да реагирам“, изјави Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

