Вториот светски тенисер Новак Ѓоковиќ вели дека неговиот голем ривал Роџер Федерер секогаш паметни ги носи одлуките околу своите учества на турнирите, потенцирајќи дека точно знае што прави.
Рекордерот по бројот на освоени Грандслем титули одлучи комплетно да ја пропушти сезоната турнири на песок, па и втора едноподруго година ќе го нема на Ролан Гарос.
„Знаете, тој е секогаш мудар кога треба да се донесе одлука… Секако знае што прави. Свесен е дека шансите за трофеи му се далеку поголеми на брзи подлоги, и затоа не сум премногу изненаден што ја прескокнува Франција“ – вели Ѓоковиќ.
Српскиот тенисер во моментов настапува на АТП турнирот во Рим, денеска рутински пласирајќи се во четвртфиналето на Мастерсот со победата од 6-4,6-4 против Шпанецот Роберто Баутиста.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА