Ѓоковиќ за ситуацијата во Србија: Буквално сме на граница на граѓанска војна

На почетокот на август, официјално беше потврдено она што се шпекулираше извесно време дека АТП турнирот кој го организира фамилијата Ѓоковиќ се сели од Белград во главниот град на Грција, Атина.

Речиси три недели подоцна, Новак Ѓоковиќ емотивно зборуваше за српските медиуми во Њујорк за целата ситуација во српското општество.

„Се што можам да кажам е дека не сакавме да го преместиме турнирот, тоа е се што можам да кажам. За жал, така е… Ситуацијата во земјата е генерално таква што луѓето дури и не се грижат за спортот… Многу работи се случуваат, има голема транзиција воопшто и за луѓето и за земјата… Без да навлегувам во политиката, бидејќи веќе доволно зборував за тоа, се надевам дека страстите малку ќе се смират. Сè ескалираше многу, буквално сме на работ на граѓанска војна. Се надевам дека ситуацијата малку ќе се смири, но нема индикации за тоа“, изјави Ѓоковиќ. 

Се вчитува...