Ѓоковиќ: Загубена е довербата во анти-допинг агенцијата

Најдобриот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ ја коментираше суспензијата на моментално светскиот број еден, Јаник Синер кој поради допинг нема да може да се натпреварува со следните три месеци.

Многумина ја критикуваа одлуката италијанскиот тенисер да не добие казна уште при самиот допинг скандал, а сега Србинот додаде дека целосно е загубена довербата во анти-допинг агенцијата.

„Тоа е тема кој не е актуелна само овие денови, туку месеци наназад. Од август минатата година. Вистински шок, земјотрес за целиот свет. И другиот број еден, Ига Швјонтек, и таа беше суспендирана, а никој не знаел за тоа, и тоа надвор од сезоната, кога нема турнири. Очигледно е дека има се помалку доверба. Јас лично повеќе немам доверба не само во овој случај, туку генерално во се.

Имаме ситуација во која еден врвен играч може себе си да си ги препушти најдобри адвокати и може да има пристап до ресурси со кои има поголема можност да се избори за најдобар исход за себе отколку некој кој ги нема. Така делува. ВАДА во своите правила вели дека секој случај е различен, дека кога се појави некој позитивен тест имаш разумно време да се објасниш, да го откриеш изворот или позадината од каде доаѓа. Синер го направи тоа за шест часа и затоа имаше подобар третман, други не успеаја во тоа. Не може секој тоа брзо да го направи. Мораат да разговараат со луѓето во својот тим и да ја решат загатката што се случило“, вели Ѓоковиќ.

Се вчитува...