Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ ја забележа и втората победа во 2024 година откако рано утрово во Јунајтед купот во Перт славеше на чешкиот тенисер Јиржи Лехечка со 2-1, по сетови 6-1, 6-7 и 6-1.
Србинот без никакви проблеми го освои првиот сет со убедливи 6-1, а имаше брејк предност и во вториот. Кога сите мислеа дека Ѓоковиќ само рутински ќе го приведе мечот до самиот крај, Чехот одигра фантастично и во тај-брејк успеа да израмни на 1-1. Сепак, тоа беше се што успеа да направи Лехечка, бидејќи во одлучувачкиот трет сет првиот тенисер во светот без проблеми славеше со 6-1.
Во женскиот дуел Олга Даниловиќ загуби со 2-1 од Маркета Воундрушува, па микс-дублот ќе го донесе победникот во дуелот меѓу Србија и Чешка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

