Ѓоковиќ загуби од Де Минаур на Јунајтед куп во Перт

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ загуби од австралискиот тенисер Алекс Де Минаур во четвртфиналето меѓу Србија и Австралија на Јунајтед куп во Перт.

Де Минаур му се реваншраше на Ѓоковиќ за минатогодишниот пораз на Австралија Опен кога успеа да освои само пет гема, за да сега триумфира со 6-4, 6-4.

„Ова е специјален момент за мене. Новак е неверојатен играч, толку многу има направено за овој спорт. Изгледа фантастично, нереално, среќен сум што дојдов до една ваква голема победа за мене, токму во Перт“ – изјави по победата Де Минаур.

Сега во вториот меч од четвртфиналето Наталија Стевановиќ ќе игра против Ајла Томљановиќ од Австралија.

 

Се вчитува...