Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на УС Опен откако големиот ас славеше на мечот со Закари Свајда од САД со 3-1 во сетови. Српскиот тенисер имаше проблеми во првиот сет што го загуби во тајбрејк, но одговори на вистински начин, со пресврт стигнувајќи до очекуван триумф.
Американецот Свајда својата шанса ја пропушти во третиот сет, кога при 1-1 имаше водство од 1-3 и сервис. Сепак, токму тогаш Ѓоковиќ заигра онака како што знае и умее, освои пет гејма во низа и славеше со 6-3 во сетот, а потоа триумфираше и во четвртиот со уште поубедливи 6-1.
Следен противник на Новак ќе биде победникот од дуелот меѓу Аргентинецот Комесана и британскиот тенисер Камерон Нори.
Ова издание на УС Опен предвреме заврши за ланскиот полуфиналист, Џејк Дрејпер, кој поради повреда го откажа своето учество пред мечот од третото коло во кое требаше да се сретне со Зизу Бергс од Белгија. Леворакиот Британец намеше играно уште од Вимблдон поради повреда, победи на првите два меча во Њујорк, но повторно се соочи со здравствени проблеми и го откажа натамошното учество на последниот гранслем турнир за оваа календарска година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

