Ѓоковиќ загуби сет, но се пласираше во третото коло на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ со победа над Џејкоб Фирнли, се пласираше во третото коло на Вимблдон. Иако загуби сет, Србинот, сепак, без поголеми проблеми стигна до следната фаза, победувајќи со 3-1, во сетови 3:6, 4:6, 7:5, 5:7.

 Одлично тргна Србинот, и првите два сета ги реши во своја корист, меѓутоа потоа следуваше одговор на Фирнли кој славеше со 7-5. Во последниот сет Ѓоковиќ врати со истиот резултат, и го доби мечот.

Во следната фаза одат и Де Минар, КОмесана, Филс, Шелтон, Димитров, Шаповалов, Попирин, Сафулин и Монфис. Попирин ќе биде следниот ривал на Ѓоковиќ на Вимблдон.

Се вчитува...