Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ со тешка победа го отвори патот кон титулата на АТП 250 турнирот во Бања Лука откако во осминафиналето славеше над Французинот Лука ван Еш со 2-1 по сетови 6-7, 6-3 и 6-2.
Првиот сет по долга борба во тај-брејк му припадна на младиот Французин. Србинот успеа да возврати во вториот сет добивајќи го со 6-3, додека во третиот на рутински начин го приведе мечот за нова победа во кариерата и прва во Бања Лука.
Во четвртфиналето најдобриот тенисер во светот за противник ќе го има подобриот од мечот меѓу сонародникот Лајовиќ и Французинот Барере.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

