Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ потврди дека имал операција на лакотот и дека тоа е патот за негово успешно враќање на тениските терени. Тој подолг период се мачеше со повредата, а по настапот на Австралија Опен се реши да изврши хируршки зафат.
„Ви должам некои вести за моето опоравување. Се борам со оваа повреда веќе две години и за тој период бев кај многу доктори. Имаа различни мислења, дијагнози и предлози. Не ми беше лесно да одберам по кој пат да одам. Шест месеци од минатата сезона се надевав дека ќе се опоравам потполно, но за жал и понатаму чувствувам болка. Ми недостига натпреварувањето, тоа е во мојата крв и морав да се обидам да го прескокнам Мелбурн. Но, сега со мојот тим се договорив дека ќе се обидам со други методи по Австралија Опен и пред неколку дена се решив да направам мала медицинска интервенција на лакотот. Ми делува дека сум на добар пат кон потполно опоравување. Позитивен сум и возбуден и се надевам дека ќе се вратам наскоро на теренот. Ви благодарам на сите што ме бодрите“, им порача Новак Ѓоковиќ на своите фанови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА