Ѓоковиќ збесна на српски навивач: „Дали си нормален, излегувај надвор…“ (ВИДЕО)

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ, вчера обезбеди пласман во полуфиналето на УС Опен, откако го совлада Тејлор Фриц со 3-0 во сетови.

Во третиот сет е видена несекојдневна ситуација која многу го налути Србинот. Во моментите кога тргна да смечува топка, еден навивач викна „аут“, Новак ја пушти топката да падне, па го врати во полето на противникот, но подоцна го загуби поенот.

Тоа го разлути Ѓоковиќ, кој му порача на навивачот да го напушти теренот.

Се вчитува...