Ѓоковиќ: Зглобот е добро, сам на себе сум си најголем противник

Најдобриот стенисер на сите времиња е подготвен да ја нападне 11. титула на Австралија опен, а вкупно 25. титула од најголемите турнири на првиот гранд-слем турнир во сезоната.

Тој во разговор со медиумите вели дека дека зглобот му е добро и дека се надева дека така и ќе остане.

„Јас сум најголемата закана за себе, тоа е секогаш случај, а потоа и сите други најдобри тенисери во светот. Некои  очекуваат повеќе од другите, но ова е слем, 128 играчи. Зглобот ми е во ред. Имав време од последниот натпревар до сега. Тренирам добро, нема болка за време на тренингот, ќе видиме како ќе биде. Не е толку сериозно како повредите што ги имав во 2021 година и минатата година, тоа беа полоши повреди. Не можам да предвидам дали ќе се врати болката, ќе треба да видиме“, изјави Ѓоковиќ. 

Србинот патот кон новиот трофеј го почнува против младиот хрватски тенисер, Дино Призмиќ.

Се вчитува...