Новак Ѓоковиќ се пласираше во следната фаза од мастерсот во Мајами совладувајќи го со 2-0 аргентинскиот тенисер Уго Карабели во меч кој воедно донесе и нов рекорд за најдобриот тенисер во историјата.
Српскиот стратег по мечот одвои време и да ги прокоментира белградските гиганти во кошаркарската Евролига, Црвена Звезда и Партизан и имаше интересна изјава поврзана со Жељко Обрадовиќ кој го нарече најдобар тренер на сите времиња.
„Го следам секој натпревар, можеби не во живо поради временската разлика, но ги следам. Честитки до Звезда за фантастичната победа и големиот слалп во Атина. Важна победа по неколку порази. Од друга страна жал ми е за Партизан кој не можеше да го победи турскиот тим дома и загуби убедливо, но Желко Обрадовиќ е на клупата, најголемата легенда, најдобриот тренер на сите времиња во Европа. Ако некој знае да како треба да ја допигне екипата, тоа е тој“, изјави Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА