Ѓоковиќ: Златото за Србија не можам да го споредам со ниту еден од 99-те трофеи

Новак Ѓоковиќ во својата богата кариера освои вкупно 99 трофеи од кои 24 на грен-слем турнирите, но ниту еден од овие не му е омилен.

На изборот за најдобар спортист на светот кој се одржа во Мадрид, српскиот тенисер откри дека златниот медал на последните Олимписки игри за Србија му е најголемото достигнување во кариерата.

„Златниот медал е најголемиот успех во мојата кариера. Тој успех го направив за мојата земја, на Олимписките игри кои се одржуваат секои четири години. По се што ми се случи на овие натпреварувања, три полуфинални меча во кои немав среќа. Со 37 години победив во Париз, пред мојата сопруга и моите деца. Тоа беше како во филм. Никој не сум имал такво чувство на тениските терени“, откри Ѓоковиќ.

Се вчитува...