Фудбалерите на Црвена звезда на доминантен начин славеа против Партизан на домашен терен со 3-0 во вечното дерби на српскиот фудбал како дел од 24. коло од Суперлигата на нашиот северен сосед.
Домашните поведоа со 1-0 со погодокот на талентираниот Василије Костов во петтата минута од судиското надополнување во првото полувреме. На 2-0 зголеми Арнаутовиќ во 56. минута. Гостите можеа да намалат на 2-1, но пеналот на Вукотиќ во 71. минута беше поништен поради прераното влегување во противничкиот шеснаесетник на Павле Илиќ. Конечните 3-0 беа дело на Катаи на асистенција токму на Костов во 77. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

