Гол и четири асистенции за Доку во убедливата победа на Манчестер Сити

Манчестер Сити ја продолжи победничката серија во Премиерлигата откако во 11. коло славеше со преубедливи 6-1 против Борнмут во натпревар кој го одбележа Жереми Доку со еден гол и четири асистенции.

Натпреварот го отвори Доку со гол во 30. минута, а веќе седум минути подоцна на семафорот стоеше предност од 3-0 по головите на Силва и Аканџи. Фоден во 64. минута донесе предност од 4-0, а откако Синистера намали на 4-1 во 74. минута, Силва и Аке одново ја затресоа мрежата во 84. и 88. минута.

Брентфорд пак стигна до пресврт победа над Вест Хем Јунајтед, славејќи со 3-2. „Чекичарите“ имаа предност од 1-2 на полувремето, но автоголот на Мавропанос и голот на Колинс донесоа три бода за домаќините.

Во останатите натпревари:

Барнли – Кристал Палас 0-2
Евертон – Брајтон 1-1
Шефилд Јунајтед – Вулверхемптон 2-1

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...