Гол или не – битолските судии се премислија во Куманово (видео)

Ракометарите на Пролет во неверојатен натпревар ремизираа на гостувањето кај Куманово (28-28) во натпревар од 16. коло во ракометната Суперлига на Македонија. Во првиот меч по смената на Матлиески, тимот од скопската населба иако имаше предност не успеа да стигне до полн плен.

Двете екипи одиграа еден израмнет натпревар кој беше решен во последните моменти. При водство на гостинскиот тим од 27-28, кумановци успеаја на шест секунди до крајот на мечот да израмнат на 28-28 преку Димевски. Скопјани погодија од центар во последната секунда и нивниот гол беше првично признат од судиската двојка. Но, по проверка на ВАР судиите донесоа одлука дека изминало времето за игра, по што беше официјализиран конечниот резултат 28-28.

Дали судиите погрешија, ке треба да решат дисциплинците во РФМ со оглед на фактот дека Тинекс Пролет најави жалба.

Се вчитува...