Натпреварот помеѓу Чикаго и Монтреал во МЛС лигата долго ќе се памети. Истиот донесе многу возбудувања, седум пати се тресеше мрежата, а имаше и неверојатен финиш во кој домаќинтие комплетираа целосен пресврт и тоа со еврогол од својата половина.
Гостите во 71. минута имаа преднсот од 1-3 со што се чинеше дека се решени димелмите за победник, но Чикаго во 84. минута со гол ги задржа шансите за бодови. Во петата минута од судиското продолжение беше постигнат и гол за изедначување на 3-3, а четири минути подоцна Акоста во обид да ја нафрли топката од сопствената половина во шестнаестникот на противникот постигна гол.
Имаше „асистенција“ од ветерот кој го измами противничкиот голман и му ја олесна задачата на големо воодушевување на домашните навивачи.
THAT’S WHY THEY CALL IT THE WINDY CITY
Stoppage-time scenes in Chicago! 🤯 pic.twitter.com/8vZQppXIHL
— Major League Soccer (@MLS) March 16, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

