Гол-машина: Левандовски го мина Роналдо, пред него сега е само Меси

Роберт Левандовски беше стрелец за Барселона синоќа во Прага, со што полскиот ас стигна до неверојен подвиг – постигнувајќи погодоци против 39 различни клубови во Лигата на Шампионите.

Левандовски беше израмнет со Кристијано Роналдо со по 38 различни тимови против кои ја има затресено противничката мрежа, а синоќа против Славија го остави Португалецот зад себе на оваа ранг-листа.

Пред Полјакот сега е единствено Лео Меси, кој во кариерата беше стрелец против 40 различни екипи во елитното европско натпреварување.

Она што е интересно, Левандовски ќе има можност да го стигне Меси ако се знае дека во следното коло од ЛШ со Барса ќе го пречека ФЦ Копенхаген, тим чија мрежа полскиот ас се уште ја нема затресено во елитното европско натпреварување.

Се вчитува...