Гол-машината на Клоп го преслуша Кристал Палас

Ливерпул го декласира Кристал Палас на „Енфилд Роуд“ со 4-0 и стигна на само еден чекор до освојување на титулата во Премиер – лигата. Доколку Манчестер Сити не победи на дербито со Челси, тогаш „црвените“ веќе по ова коло ќе ја прослават долго очекуваната титула со оглед дека имаат 23 бода предност во однос на „граѓаните“.

Трент Александер-Арнолд постигна фантастичен гол во 23.минута за отворање на резултатот, а Мохамед Салах во 44.минута зголеми на 2-0. Во вториот дел стрелаа и Фабињо и Садио Мане за убедлив триумф на Ливерпул.

Се вчитува...