„Гол машината“ Роналдо не престанува – нови два гола за триумф на Ал Наср (ВИДЕО)

Ал Наср триумфираше со 3-0 во дуелот со Ал Окдод во 11. коло во Премиерлигата на Саудиска Арабија. Погодувате, најзаслужен за овој триумф е Кристијано Роналдо. Португалецот постигна два гола во триумфот на својот тим, а ќе имаше и хет-трик, но ВАР му ја скрати радоста.

Португалскиот ас во 31. минута го доведе својот тим во предност, а во третата минута од судиското надополнување Роналдо со одличен гол со петица зголеми на 2-0.

Во финишот од средбата Жоао Феликс постигна гол за конечни 3-0.

Роналдо со овие два гола стигна до бројката од 956 голови во својата кариера. Негова желба е да дојде до бројката 1000 голови.

Се вчитува...