Најубавиот погодок на денешните квалификациски средби дефинитивно беше дело на Оливие Жиру, откако францускиот ас со фантастичен волеј удар со левата нога го матираше шведскиот голман. Топката доби неверојатно движење, по што домашниот чувар на мрежата можеше само немоќно да проследи како таа му завршува во мрежата.
Сепак, ниту овој еврогол не им помогна на Французите да стигнат до позитивен резултат откако Шведска славеше со 2-1, најпрвин израмнувајќи преку Дурмаз, а потоа во судиското продолжение стигнувајќи до три бода со погодокот на Тоивонен.
Giroud’s goal for France tonight ?? pic.twitter.com/aKJbCdkAmN
— Sam (@samuelJayC) June 9, 2017
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА