Гол на годината: Слаломот на Салах поубав гол од „ножичките“ на Бејл и на Роналдо

Мохамед Салах е добитник на наградата „Ференц Пушкаш“ што вообичаено се доделува на стрелецот на најубавиот гол во една натпреварувачка сезона.

Египетскиот ас имаше сезона за паметење, а за најубав е избран неговиот гол на градското дерби со Евертон, кога Салах извонредно се ослободи од неколку противнички играчи, пред со милиметарски прецизен шут да го матира голманот Пикфорд.

Зад голгетерот на Ливерпул во изборот се најдоа двете ремек-дела на фудбалерите на Реал Мадрид, „ножичките“ на Кристијано Роналдо на гостувањето против Јувентус и оние на Герет Бејл на големото финале со Ливерпул.

 

 

Се вчитува...