Вардар успеа да извлече бод против Гостивар на дебито на Срѓан Захариевски на клупата на најтрофејниот македонски клуб.
А, сето тоа благодарение на уште еден дебитант во црвено-црните редови, офанзивецот Немања Босанчиќ.
Српскиот напаѓач мајсторски погоди директно од слободен удар, од околу 20 метри, во 84. минута за конечни 1-1. Погодок, кој се издвојува и како гол на колото во петтата рунда натпревари од Првата македонска фудбалска лига…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА