ГОЛ НА КОЛОТО: Брегалница има нов екстра-талент – Кудев со супер-гол донесе триумф над Тиквеш

Брегалница со нова победа во 14. коло од Првата македонска фудбалска лига се проби на петтата позиција на табелата во шампионатот, сега веќе на осум бода од лидерот од Струга ТЛ.

Штипјани во среда, токму против Струга ТЛ, ги очекува четвртфиналето во Купот на Македонија, па на денешниот дуел настапија со тројца младинци во почетниот состав, покрај близнаците Михаил и Димитриј Димитриевски, и 18-годишниот офанзивец Љупче Кудев.

Кудев, сезонава добива се повеќе доверба од тренерот Илчо Ѓорѓиоски, со повеќе од активна минутажа, па денеска врати на најдобар можен начин со погодок за победа против традиционално лутиот ривал на штипјани, кавадаречки Тиквеш.

18-годишниот Кудев мајсторски погоди од свртување под гредата од голот на Тиквеш, потврдувајќи дека Брегалница има нов екстра-талент во своите редови…

Се вчитува...