Скопје упорно чекор на патот кон опстанокот во прволигашката конкуренција, на три кола до крајот на првенството сега за првпат сезона избегнувајќи ги на табелата последните две позиции кои водат во понизок ранг на натпреварување.
А, избегнувањето на последните две места следеше благодарение на бодот од пресметката со Шкупи која заврши 1-1… Скопје беше во губитничка позиција се до 89. минута кога Филип Петковски донесе конечни 1-1 со „проектил“ од 25 метри… Дефинитивно, и за „Гол на 33. коло“ во Првата македонска фудбалска лига.
Скопје во следното коло, на 13. мај, ја очекува гостувањето против Шкендија во Тетово. Јасно е дека бодовите се повеќе од неопходни. Победа ќе се соочи со Силекс, а Пелистер гостува на Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА