ГОЛ НА КОЛОТО: Марко Ѓорѓиевски мајсторски го „здрма“ Шкупи (ВИДЕО)

Силекс сосема заслужено дојде до нова победа од 2-1 против Шкупи во 4. коло од Првата македонска фудбалска лига.

А, меѓу најзаслужните за тоа и најдобриот стрелец на кратовци Марко Ѓорѓиевски кој игра во извонредна форма на стартот од сезоната.

Ѓорѓиевски постигна извонреден погодок за 2-0 за Силекс, кој, без сомнение, се издвојува и како гол на четвртата рунда натпревари во македонскиот шампионат.

Се вчитува...