ГОЛ НА КОЛОТО: Паноски со волеј удар од 18 метри за запечатен триумф на Победа во Кратово

Прилепска Победа по малку изненадувачки дојде до убедлива победа од 0-3 на гостувањето против Силекс во 10. коло од Првата македонска фудбалска лига.

За прилепчани, за кои јасно е дека сезонава ќе водат тешка битка за опстанок, повеќе од значајни три бода на тешко гостување.

А, триумфот беше запечатен во четвртата минута од судиското продолжение кога Игор Паноски постигна вистински евро-гол со волеј удар од околу 18 метри, кој се издвојува и како гол на оваа рунда натпревари во прволигашкото друштво.

Се вчитува...