Стојанче Стоилов е еден од најдобрите пивоти во СЕХА-лигата, но македонскиот репрезентативец покажа дека добро се снаоѓа и како бек. На денешниот дуел со Извиѓач капитенот на „вардарци“ постигна убав гол од бековската позиција, кога со соло акција си создаде простор, а потоа со силен удар ја смести топката во мрежата.
Пивот, бек… кој си знае ракомет, си знае…. а Столе Стоилов дефинитивно е еден од оние кои се доволно квалитетни и интелигентни за да се снајдат добро и на повеќе различни позиции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА