Филип Миркуловски со тимот на Вецлар славеше убедлива победа на гостувањето против Штутгарт со 18-28, во натпреварот од 26.коло во Бундеслигата. За Вецлар ова е 15 победа сезонава со која моментно е на шестото место на табелата во најсилната германска лига.
По првиот дел, гостите водеа со 10-12, но во вториот дел одиграа уште посигурно, примија само осум гола и на крај стигнаа и до двоцифрена предност и убедлив триумф на гостински терен.
Во победата на својот тим, Миркуловски учествуваше со еден гол од два обиди. Најефикасен во составот на Вецлар беше Филип Вебер со осум погодоци, а Михаел Краус постигна шест гола за тимот на Штутгарт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА