Фудбалерите на Торонто синиќа на свој терен убедливо славеа против Њујорк со 4-0. Торонто пред почетокот на сезоната остана без најважниот свој фудбалер Себастијан Џовинко, но добија уште подобра замена.
„Десетката“ на дресот ја задолжи Алехандро Поцуело кој воодушевува со своите игри. Шпанскиот фудбалер за врска постигна два гола синоќа, од кои оној вториот вистинско ремек дело. Поцуело во Торонто пристигна пред две недели од белгиски Генк и веќе во својот деби натпревар покажа дека ќе биде огромно засилување за тимот…
What a cheeky chip from Pozuelo! ? pic.twitter.com/DtUregz35b
— Major League Soccer (@MLS) March 30, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА