Миралем Пјаниќ е стрелец на најубавиот погодок на вечерашните натпревари од квалификациите за ЕП 2020. Босанскиот генијалец во 15. минута изведе слободен удар од над триесет метри, успевајќи да го матира грчкиот голман за водство на БиХ од 2-0.
Пјаниќ од херој се претвори во трагичар откако во второто полувреме доби директен црвен картон за груб старт, по што Босанците без помошта на асот на Јуве ја прокоцкаа тешко стекнатата предност, па на крајот едвај се одбранија мечот да заврши 2-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА