Гол-првенец на Митровски за победа на Вараждин (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец Димитар Митровски го постигна својот прв погодок за Вараждин сезонава во хрватскиот шампионат, овој пат во победата на својот тим од 0-2 на гостувањето против Шибеник во 33. коло од првенството.

Вараждин дојде до повеќе од значајни бодови во трката за европски излез. Победата ја најави токму Митровски со голот во 69. минута.

Поранешниот македонски младински репрезентативец играше како стартер за Вараждин се до 84. минута кога веќе неговиот тим имаше предност од 0-1, која беше дуплирана со гол во 86. минута за конечни 0-2.

Целиот натпревар за Вараждин го одигра и репрезентативецот Агон Елези.


Се вчитува...